
август 1, 2024
Справување со пожари
Црвениот крст на Република Северна Македонија е активно вклучен во операцијата со справувањето со пожарите во државата. Преку своите мобилните тимови е вклучен во логистичка поддршка на екипите, институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарот.
Црвениот крст на РСМ отвори СОС телефонски линии за психолошка прва помош (ППП) за настраданото население од пожарите.
Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош.
Црвениот крст на РСМ упатува голема благодарност за досегашната поддршка на компаниите кои се вклучија во хуманитарната акција.