
јули 22, 2026
СПАСИТЕЛЕН ЛЕТЕН ФЕСТИВАЛ 25 & 26 ЈУЛИ
По повод 25 јули – Светскиот ден за превенција од давење, кој се одбележува ширум светот под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО) и Интернационалната федерација за спасување (ILS), ве покануваме на дводневна незаборавна летна дружба!
ЦКРСМ ООЦК Охрид – ЦБВ (како членка на ILS) овој важен ден го одбележува со дводневна програма исполнета со:
- Забавни игри и предизвици
- Многу смеа и позитивна енергија
- Неверојатни подароци и награди од нашите поддржувачи!
- Дојдете, играјте, забавувајте се и освојте вредни награди!
- Датум: 25 и 26 Јули
- Час: 18-22ч.
- Локација: Холандски парк
Ве очекуваме!





