април 29, 2026

Социјални услуги

Црвен крст Охрид и оваа година продолжува да им помага на оние на кои им е најпотребно!

Како долгогодишен давател на социјални услуги во нашиот град, остануваме посветени на поддршката на едни од најранливите категории граѓани, старите лица и лицата со попречености.

Со поддршка од Министерството за социјална политика, демографија и млади на РСМ, продолжуваме со бесплатно обезбедување на услугите „Помош и нега во домот“ и „Лична асистенција за лица со попреченост“ на територија од општина Охрид.

Со капацитетите со кои располагаме, секојдневно се трудиме да им се посветиме на корисниците најдобро што можеме, а особено сме горди на нашите негуватели и лични асистенти кои несебично ја даваат својата поддршка.

Овие услуги значат реална помош во секојдневието – поддршка во домот, но и надвор од него, за полесно и подостоинствено функционирање.

Заедно за грижа, поддршка и посилна заедница!

< врати се назад