СОС број во случај на планински несреќи
Во рамки на проектот „Регионот охридско езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“, финансиран од Европската унија, преку ИПА програмата за прекугранична соработка и Министерството за Локална Самоуправа, кој го спроведува Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид на ден 19.02.2019г. во пресрет на претстојната туристичка сезона беше објавен и промовиран новиот скратен број 13 112 за СОС повици кон Планинската спасителна служба кој за прв пат се воведува во Македонија и може да се повикува од сите мобилни и фиксни оператори во земјава.
На СОС бројот граѓаните од сите национални мрежи ќе можат директно да се обратат до Планинската Спасителна Служба, која делува на територијата од општините: Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани и Ресен. Отворањето на скратениот број е една од мерките за зголемување на ефикасноста, кои во следниот период ќе бидат имплементирани во рамки на овој проект. Со отворањето на оваа линија, за прв пат, во еден регион од државата се воведува ваква пракса за директен контакт со Планинската Спасителна Служба при несреќи на планина