октомври 31, 2025

Соработка со Жито Лукс АД Скопје

Во рамките на Неделата на борба против гладта, во изминатиот период Црвен крст Охрид оствари соработка со компанијата Жито Лукс АД Скопје. По повод Денот на лебот, Жито Лукс АД Скопје, како општествено одговорна компанија, се вклучи во кампањата со донација на леб, наменета за лица и семејства во социјален ризик.

Со оваа акција беа опфатени 250 семејства од градот и околните села, на кои им беше обезбедена поддршка во овие тешки времиња.

Иако активноста се одржа пред две недели, со задоволство ја споделуваме оваа убава приказна како потсетник дека хуманоста нема рок.

Со ваквите хумани акции покажуваме дека солидарноста и човечноста нè обединуваат. Благодарност до Жито Лукс АД Скопје за нивната поддршка и општествена одговорност!

< врати се назад