март 5, 2026

Соработка со Анима – Центар за личен развој, едукација и психотерапија

Преку контакт, градиме мостови. Нова соработка на Anima Centar, овој пат, со Општинската организација на Црвен Крст Охрид.

Нашата Мерсиха Исмајлоска, едукант на центарот и гешталт-советник, пред триесетина членови на Младинскиот клуб, на возраст од 13 до 18 години, одржа работилница на тема: „Како да се каже ‘не’?“.

Преку гешталт вежби се допреа основните гешталт поими, се дојде до свесност за потребата да се каже ‘не’, особено при нарушување на личните граници. Се работеше на живи примери од секојдневието, со што се потврди важноста на прашањето и односот кон него.

Со ова започна соработката која ќе вклучи и бесплатно гешталт психолошко советување во просториите на Црвен Крст, Охрид, како и запознавање на средината со филозофијата и праксата на гешталт психотерапијата.

< врати се назад