
март 30, 2026
Соработка помеѓу Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ од Црвен крст Охрид и НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.
И во текот на 2026 година успешно продолжува соработката помеѓу Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ од Црвен крст Охрид и НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.
На 27.03.2026 година, во рамки на програмата, активисти и волонтери од Црвен крст Охрид, љубители на пишаниот збор, ја посетија НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид. Од страна на вработените во установата беше обезбеден срдечен пречек и гостопримливо угостување, за што се изразуваме искрена благодарност.
Средбата овозможи размена на идеи и договор за идни заеднички активности.





