Соработка на Црвен крст Охрид со Референтниот Центар на ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА
Соработката на Црвен крст Охрид со Референтниот Центар на ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА во Охрид, продолжува!
Овој пат се фокусираме на ендокринологијата и сите важни здравствени теми и проблеми кои постојат кај општата популација, децата и младите, а се поврзани со:
- Вишок на килограми
- Дисбаланс на метаболизмот
- Ниво на шеќер во крвта
- Тегоби со штитната жлезда и многу други!
- Д-р Џулиана Михајловска, специјалист по ендокринологија од ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА Скопје, ќе биде со нас за едукација и консултации!
- Кога? Сабота, 01.02.2025, во 11:00 часот
- Каде? Просториите на Црвен крст Охрид
Додатно, присутните на овој настан ќе имаат можност и за закажување на индивидуална средба и бесплатна консултација, за евентуални симптоми, тегоби и здравствени проблеми поврзани со темите, со Д-р Михајловска, истиот ден во Канцеларијата на Референтниот Центар на Жан Митрев Клиника во Охрид кој се наоѓа на ул. 7-Ми Ноември бр. 27, 1/1, Охрид.
-Не пропуштајте ја оваа можност да се информирате и да се грижите за вашето здравје!
#здравје#ендокринологија#црвенкрстохрид#ЖанМитревКлиника#превенција
#Референтен центар ZAN MITREV Охрид