ноември 21, 2023
Сите сме нивни деца – Отворен ден за грижа за стари лица
Во рамките на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица (20 – 26 ноември), под мотото „СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА“, денес (21.11.2023), во просториите на Црвен крст Охрид се одржа промотивен настан – Отворен ден за грижа за стари лица. Во текот на овој настан, од страна на волонтерите од Програмата за грижа за стари лица на Црвен крст Охрид” Најди време”, беа презентирани активностите и чекорите коишто ги презема нашата организација за квалитетно и достоинствено стареење на старите лица во регионот во кој дејствуваме.
Покрај презентацијата на активностите на Црвен крст Охрид за грижа за стари лица, цел на организирањето на овој настан беше и поттикнување на јавниот и институционален интерес и дефинирање на конкретни ангажмани насочени кон подобрување на условите за живот и за дејствување на старите лица.