април 5, 2026

СИТЕ ОСУДУВАМЕ, АЈДЕ ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ТОА!

Вчера, во Култ Културен Центар, групата „СОНЦИЊА”, која работи на интеркултурен проект, организираше настан со цел да ја поттикне интеркултурната интеракција и да отвори простор за искрен дијалог помеѓу младите.

Настанот го отвори бендот на Клубот на млади при Црвен крст Охрид – „HUMANE-ХУМАН“, кој со својата енергија и порака даде силен почеток на вечерта. Потоа следеше проекција на три кратки филмови, кои обработуваа теми поврзани со предрасуди, стереотипи и меѓусебно разбирање.

По проекциите, младите имаа можност да дискутираат, да споделат свои мислења и искуства, и заеднички да размислат како можеме да изградиме поинклузивна и почитувачка заедница.

Изразуваме огромна благодарност до Култ Културен Центар кој ни ја овозможи просторијата и го направи настанот успешен и незаборавен.

< врати се назад