април 3, 2026

Симулациски показна вежба

Со несмален интензитет и посветеност продолжуваме со активностите за увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација во образовните установи во Охрид и Дебрца.

Во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК и Црвен крст Охрид, планирано е на 06.04.2026 (понеделник) да се реализираат симулациски показни вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио за случена елементарна непогода, во ООУ „Братство Единство“ во Охрид, и тоа во објектот „Крст Џамија“ со почеток во 9:45 часот и во објектот „Лескајца“ со почеток во 11:15 часот, при што ќе интервенираат соодветните институции.

< врати се назад