
СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА ВО СОРАБОТКА СО ЕМСА МАКЕДОНИЈА
Изминатите денови, Црвен крст Охрид во соработка со ЕМСА Македонија организираше две симулациски вежби во хотел Аквалина, со цел унапредување на капацитетите за делување во итни ситуации.
ПРВАТА вежба беше симулација за спасување на давеник во вода, реализирана од тим спасители од Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид.
ВТОРАТА вежба беше симулација на сообраќајна несреќа, во која интервенираше екипа за прва помош од Црвен крст Охрид, покажувајќи брза, професионална и координирана реакција.
Овие активности се дел од нашата постојана заложба за зголемување на подготвеноста и едукација на младите и професионалците за справување со реални кризни ситуации.
Се заблагодаруме на ЕМСА Македонија за поканата и прекрасната прилика.
#ЦрвенКрст#ЦКмлади#БезбедностНаВода













