мај 4, 2026

Симулациска вежба – ООУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид

Времето во кое живееме, меѓу другото, налага голема сериозност и посветеност на активности за подигање на свесноста и подготвеноста за делување во случај на несреќи, елементарни непогоди и кататастрофи, како на институциите, така и на секој поединец во општеството.

Токму затоа, Црвен крст Охрид во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК, а со цел подигање на нивото на подготвеност и координираност за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи продолжува со увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација во образовните установи.

Во таа насока, утре, вторник, 05.05.2026 г. во ООУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио за случена несреќа, во која соодветно ќе делуваат и тимови од надлежните институции.

Вежбата ќе започне во 10:00 ч.

< врати се назад