
ШТАФЕТНО НУРКАЊЕ ЗА МИР
Вчера, 24 август 2026 година, на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ се одржа уникатниот летен настан „Штафетно нуркање за мир“. Организиран од Црвен крст Охрид, овој настан се реализираше во рамките на Фестивалот на водени спортови Ohrid Water Festival 2026.
Четиринаесет учесници во „Штафетно нуркање за мир“ ја изразија својата хуманост нуркајќи на здив на патека долга 25 метри. Најмладиот учесник во настанот имаше 11 години, а најстариот 72 години.
Со „Штафетно нуркање за мир“ упативме симболична, но силна порака за мир, меѓусебна почит и толеранција. Црвен крст Охрид им изразува благодарност на учесниците во настанот, како и на волонтерите и поддржувачите што придонесоа кон неговата успешна реализација.











