
ШТАФЕТНО НУРКАЊЕ ЗА МИР
Ве покануваме на возбудливиот и уникатен настан на вода за ова лето – ШТАФЕТНО НУРКАЊЕ ЗА МИР.
Доколку сте психофизички здрави и се чувствувате способни да нуркате на здив во должина од 25 м., без оглед на возраста, не ја пропуштајте можноста да бидете дел од овој, единствен настан од ваков вид во светот ШТАФЕТНО НУРКАЊЕ ЗА МИР (пливање под вода – нуркање на здив) во должина од 25 м., кој се реализира во рамки на овогодинешното издание на Фестивалот на водени спортови Ohrid Water Festival 2026.
Настанот ќе се одржи на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид, денес, 24.08.2026 г. (понеделник), со почеток во 13 ч.
Специјален гостин на настанот ќе биде човекот „амфибија“, 72-годишниот Јане Петков од Сандански, Бугарија, кој своето учество во оваа подводна штафета за мир ќе го направи со нуркање на 25 м. со една рака врзана за телото.
Добредојдени се сите добронамерни, слободоумни и хумани наши сограѓани, гости, туристи, посетители кои сакаат да го следат настанот на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид, од каде сите заедно ќе испратиме симболична, но силна порака за мир, почитување и толеранција.





