октомври 1, 2025

ROCK AND MOB

о рамки на Неделата на млади на Црвениот крст (1–7 октомври), Клубот на млади при Црвен крст Охрид одбележувајќи го својот 29-ти роденден, со гордост и неизмерна радост ве поканува на голем, впечатлив и динамичен настан – ROCK AND MOB!

Доживејте го овој празник на младоста, хуманоста и музиката исполнет со моќни акорди, позитивна енергија и топла атмосфера што ќе ви овозможи да ја почувствувате вистинската сила на заедништвото.

На 4 октомври, на плоштадот „Св. Климент Охридски“, како продолжение на спортско-рекреативната и хуманитарна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“, со почеток во 14:00 часот, ве очекува уникатно ROCK AND MOB искуство кое ќе ги обедини сите – млади и стари, локални жители и гости, хуманисти и љубители на музиката.

Не пропуштајте го уживањето во звуците на музичките виртуози од добро познатите охридски бендови Urban Planet, Камелеон, No Fun и The Backdoor Band кои со својата неповторлива енергија и автентичен звук ќе создадат вистински рок-момент за паметење.

Овој хуманитарен настан не е само забава – тој е гест на поддршка, знак на љубов и доказ дека младите можат и умеат да создаваат промени. Преку музика и дружба, ќе испратиме порака за единство и меѓусебна грижа, порака која ќе одекнува подолго од самиот настан.

Затоа, ве очекуваме на овој незаборавен момент, заедно да создадеме спомени кои долго ќе се паметат!

Дојдете, бидете дел од ROCK AND MOB!

#ЦрвенКрст#ЦКмлади#МладиЗаОхрид

< врати се назад