јуни 29, 2018
Регионот Охридско Езеро – безбедна туристичка дестинација за авантуристички туризам
Во рамките на проектот „Регионот Охридско Езеро – безбедна туристичка дестинација за авантуристички туризам“, Единицата за спасување на планина и непристапни терени набави теренско возило, опремено со амбулантска опрема, современ дефибрилатор, со кое ќе може да се транспортира пациент од потешко пристапен терен.
Иако беше планирано едно, во меѓувреме единицата доби уште едно користено возило од Црвен крст на Република Македонија. Во рамки на проектот од ЕУ делегацијата во Скопје биле побарани и одобрени средства за негова репарација.