септември 26, 2022

Регионален саем на социјалните претпријатија од Југозападниот плански регион

Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид зеде учество и на вториот Регионален саем на социјалните претпријатија од Југозападниот плански регион, во организација на Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија и проектот „Поддршка на социјалните претпријатија”.
 
На саемот беа презентирани можности за раст на најиновативните регионални социјални претпријатија, преку обезбедување финансиска, менторска и друга поддршка од различни засегнати страни како и други можности особено оние кои се отвараат за овој вид на претпријатија со новиот закон за социјално претприемништво..
 
Проектот „Поддршка на социјално претприемништво“, е поддржан од Европската Унија, а го спроведува Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, во соработка со Министерството за труд и социјална политика.
 
Црвен крст Охрид на саемот се претстави со Нега центар кој претставува единствен социјален сервис на територија на Општина Охрид кој нуди домашна грижа и нега од страна на сертифицирани и професионални негуватели за стари лица и лица со попречености.
< врати се назад