март 22, 2024

РЕДОВНИ СОСТАНОЦИ НА КЛУБ НА МЛАДИ

На последниот редовен состанок на Клубот на млади минатата среда на 20.3.2024 година, се дискутираа неколку важни точки на дневниот ред :
Беше формиран еколошкиот хаб во склоп на Клубот на млади и беше креирана програмата за работа на истиот.
Беа споделени информации за изборите на ново раководство на Клубот на млади и процедурата за кандидирање за нов лидер, заменик лидер и членови на координативното тело .
Беше презентиран изготвениот годишен извештај на Клубот на млади за 2023 година за родители.
По редовниот состанок, волонтерите имаа можност да се подружат, да ги запознаат подобро ПХВ проектите на младинците, но и да се позабавуваат со изиграни неколку партии на мафија.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of television, indoors and textMay be an image of studying and text
 
 
 
< врати се назад