октомври 1, 2022

RED ZONE ЗА МЛАДИ

Секоја година периодот од 1 до 7 октомври е резервиран за празнување на Неделата на млади, недела во која го промовираме трудот и работата на младите во организацијата на Црвениот крст.
 
Оваа година организираме отворен ден под мотото ” Биди причина за нечија насмевка ” во вид на црвена зона за млади, каде преку повеќе таканаречени катчиња ќе се презентира работата на волонтерите во клубот на млади.
 
🧠 Катче за ментално здравје
🗣️ Катче на врснички едукатори и мотиватори
🩹 Катче за прва помош
📚 Жива библиотека
🧩 Катче за друштвени игри ( ЦКА – ПХВ )
🖼️ Катче на спомени
📑 Катче за меки вештини
🏓 Катче за рекреација
🍿Катче за освежување
 
Ова е само дел од она што младите од Црвен крст Охрид го припремаат со цел да ја прикажат нивната работа во рамките на волонтерството.
 
Градски плоштад
🗓️ 02.10.2022 – НЕДЕЛА
🕐 13 : 00
Ве очекуваме да не посетите и со вас да понесете дел од нашиот волонтерски дух.
< врати се назад