
мај 15, 2025
РАЗЛИЧНИ КУЛТУРИ – ЕДНО СРЦЕ
Група 6 ЦКА-ПХВ младинци кои работат на интеркултурен проект на ден 17.5.2025 го организира својот завршен настан на Плоштадот Крушевска Република, со почеток од 19:00ч со наслов РАЗЛИЧНИ КУЛТУРИ – ЕДНО СРЦЕ.
Целта на овој настан е да се поттикне меѓусебното разбирање, почитување и соработка меѓу различните културни заедници во нашето општество преку промовирање на културната разноличност и заедничките вредности. Како и да создаде простор за меѓусебно запознавање, дијалог и пријателство.
Настанот ќе се состои од: изведби на традиционални ора, музика, забавни игри и традиционална храна од македонската, албанската и турската култура.
