декември 16, 2022

РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ – Месец на дарување Предновогодишни топли оброци

Во овој РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ, месец на дарување, најавуваме уште една хуманитарна акција. 
 
Во соработка со средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ Охрид ќе бидат подготвени предновогодишни топли оброци за преку 80 наши сограѓани во социјален ризик.
 
Вештите раце на учениците од ова училиште под менторство на своите професори, во кујната на РЦСОО “Ванчо Питошески”- Охрид ќе подготват богати и вкусни јадења, кој понатака од страна на волонтерите од тимовите за логистика на Црвен крст Охрид и учениците ќе бидат дистрибуирани до домовите на стари, осамени лица, лица со хендикеп и лица во социјален ризик.
 
Во оваа хуманитарна акција можат и ги охрабруваме и повикуваме да се вклучат и угостителски објекти, ресторани од Охрид кои според своите можности и желби, би подготвиле топли оброци, соодветно спакувани, за понатамошна достава од страна на волонтерите на Црвен крст Охрид, до лицата во социјален ризик.
 
Акцијата ќе се реализира во периодот од 20-23 декември 2022 г.
Остануваме отворени за повеќе детали и насоки за сите заинтересирани.
Телефон за контакт: 070 315 309, 046 262 706
< врати се назад