
октомври 16, 2025
Работилници во КПУ Затвор Охрид
Во рамки на соработката со помеѓу Црвен крст Охрид и КПУ Затвор Охрид, а како дел од здравствено-превентивните програми, во текот на месец јуни и октомври беа организирани едукативни работилници на следните теми:
- ХИВ/СИДА
- Значењето на хигиенизација
- Болести на зависност
Целта на работилниците беше унапредување на свеста и информираноста за здравјето и важноста од превенција кај затворската популација.
Предавачи на работилниците беа:
• Спец. Д-р Јованка С. Коровешовска
• Спец. Д-р Соња С. Димовска


