април 4, 2024

РАБОТИЛНИЦА ЗА ВРСНИЧКИ ЕДУКАТОРИ

Изминатиот викенд на 31 март во Клубот на млади според годишната програма за работа беше одржана работилница за врсничките едукатори кои активно и посветено работат на терен во моментот.
 
Работилницата ја водеше лидерот на Клуб на млади Борче Исакоски и на истата учествуваа 18 од 20 врснички едукатори кои работеа на следните прашања:
 
Споделување искуства меѓу различните генерации едукатори за различните теми;
Изработка на генерални концепти за одржување на врсничка едукација на секоја тема;
Изработка на акциски планови за отворени денови и герила акции на овие теми; и
Изработка на план за промоција на врсничката едукација и темите на кои истата се одржува.
Во времетраење од три часа врсничките едукатори се дружеа, работеа и придонесоа во унапредувањето на Клубот на млади и исполнувањето на критериумите според минимум стандардите. Им посакуваме успешна работа во наредните месеци.
 
May be an image of 3 people
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад