
Работилница за ментално здравјe
Во рамки на потпишаниот меморандум за соработка помеѓу Црвен крст Охрид и Црвен крст Møre og Romsdal Røde Kors, во периодот од 10 до 12 октомври 2025 година, 8 волонтери од Црвен крст Охрид учестуваа на работилница за ментално здравјe во одморалиштето на Црвен крст Солферино – Струга.
Преку интерактивни активности, нашите волонтери учеа како да ги препознаваат и изразуваат емоциите, како да градат респектна и емпатична комуникација, како и што значи да се создаде простор каде секој се чувствува сигурен, прифатен и свој.
Искрено се заблагодаруваме на волонтерите и тимот од Црвен крст Møre og Romsdal Røde Kors за оваа прекрасна можност за учење, дружење и споделување искуства.
Овие заеднички активности не само што ја продлабочуваат нашата поврзаност, туку и ја зајакнуваат соработката меѓу двете организации на Црвен крст – создавајќи силни врски на пријателство, доверба и хуманост што ќе продолжат да се градат и во иднина.










