
март 2, 2025
РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЧЕСТИТКИ
Во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Клубот на млади во соработка со Клубот за поддршка на стари лица “Најди време” при Црвен крст Охрид на ден 01.03.2025 (сабота) организира РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЧЕСТИТКИ.
Целта на оваа работилница беше да се оддаде признание и почит кон жените преку креативни активности, инспиративни дискусии и споделување искуства. Присутните имаа можност да ја изразат својата креативноста преку ракотворби, уметнички изрази и пишување пораки за поддршка и инспирација.
Беа изработени околу 100 честитки, кои ќе бидат поделени на самиот ден на припадничките на понежниот пол.




