март 25, 2024

РАБОТИЛНИЦА ЗА АЛАТКИ ЗА ПРОМОЦИЈА

Во исчекување на претстојните избори за ново раководство на Клуб на млади, почнуваме со подготовка на волонтерите и дополнителен развој на нивните вештини со цел полесно и поефикасно преземање на мандатот.
За таа цел, оваа среда на редовниот состанок на Клуб на млади организираме работилница за алатки за промоција со Клубот на млади на Црвен крст Струга за сите волонтери и заинтересирани млади.
27.3.2024 – СРЕДА
Црвен крст Охрид – Сала 1
20 : 00
Моника Мечкароска – маркетинг
– Марио Ѓорески – фотографија
– Иво Георгиески – видео
– Борче Исакоски – постер и вест
Заинтересираните можат да се пријават за учество со порака во инбокс .
May be an image of text
 
 
 
 
< врати се назад