март 28, 2024

РАБОТИЛНИЦА ЗА АЛАТКИ ЗА ПРОМОЦИЈА

Со цел подобра подготовка на волонтерите за претстојните избори за раководство на Клуб на млади и дополнителен развој на нивните вештини, на вчерашниот редовен состанок на Клуб на млади беше одржана работилница за алатки за промоција на која учествуваа 15 млади.
 Работилницата беше одржана во соработка со волонтери од Клубот на млади на Црвен крст Струга, на која беа објаснати основите на маркетингот и промоцијата, како и начините за изработка добра фотографија, објава, постер и видео.
На истата беа одржани неколку кратки интерактивни сесии од страна на координаторот на млади на Црвен крст Струга Моника Мечкароска, лидерот на Клуб на млади Охрид Борче Исакоски, и волонтерите од Црвен крст Охрид Марио Ѓорески и Иво Георгиески.
Се заблагодаруваме на сите за присуството и на Црвен крст Струга за добрата соработка.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 1 person, studying and textMay be an image of 1 person, television, dartboard and textMay be an image of textMay be an image of 4 people, people studying, lighting and textMay be an image of 1 person, studying and text
 
 
 
< врати се назад