април 22, 2024
РАБОТИЛНИЦА СО КООРДИНАТОРИ НА МЛАДИ
Во рамките на годишната програма за млади на Црвениот крст на Република Северна Македонија предвидено беше унифицирање и надградба на постојното младинско работење на локално ниво.
За таа цел во периодот 12-14 април се одржа работилница со координатори на млади од општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје на која присуствуваше нашиот координатор на млади, Радмила Герасимова.
Оваа работилница значително придонесе за збогатување на знаењата за Клубот на млади, промовирајќи начини како да се унапреди работата истиот. Исто така, беа разработени обврските на сите координатори на млади како и начините за унапредување на системот на локалното младинско работење.
Заклучоците беа пренесени и на раководното тело на Клубот на млади при Црвен крст Охрид.