октомври 31, 2021
Работилница за релаксирана дебата
На ден 31.10.2021 се одржа релаксирачка работилница за волонтерите од Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид, на која воедно се стекнаа и некои вештини.
☕Coffee & talks е идеја како учесниците да се опуштат, а притоа да дебатираат и да се стекнат со говорни вештини
🎉Преку неколку вежби се запознавме подобро и се опуштивме
✅Научивме како се дава еден аргумент во дебата – исказ, причина и факт!
✅Дебатиравме на теми кои ги засегаат денешните млади
Им изразуваме благодарност на сите волонтери кои учествуваа и се гледаме на следната работилница!
Младите се нашата иднина!