мај 31, 2023

РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРОГРАМСКО РАБОТЕЊЕ

Во периодот од 12 до 14 мај во просториите на Црвен крст Охрид во Велестово се одржа тридневна работилница за програмско работење со ПХВ младинците од минатата и оваа година.
Во текот на три дена 22 млади се запознаа подетално со работењето на националното друштво, вклученоста на младите во истото, општинската организација и Клубот на млади.
 
Освен тоа, овие млади како најискусна група волонтери во рамките на Клубот имаа можност да разработат идеи за нови програми и активности, кои ги споделија и со раководството на Клубот на млади, и претседателот на општинската организација, г-дин Сашо Точков.
 
Работилницата беше припремена и изведена од страна на лидерите и координативното тело на Клубот на млади при Црвен крст Охрид, и поддржана од страна на општинската организација.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 2 people
May be an image of 6 people and people studying
May be an image of text

May be an image of 7 people and text

May be an image of 8 people, people studying and text

< врати се назад