ноември 30, 2021

Работилница за Ментално здравје на младите во ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид

На ден 30.11.2021, на барање на Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид се одржа работилница на тема: „Ментално здравје на младите во современиот свет“, која беше водена од страна на долгогодишниот волонтер во Црвен крст Охрид Ранко Раткушиноски (психолог).

Во интерактивната работилница, која имаше за цел да го збогати знаењето на учесниците за прашања од областа на менталното здравје, беа разработени и дискутирани следниве теми:

– Млади и Ковид-19,

– Ментално здравје и грижа за него,

– Самодоверба,

– Влијанието на социјалниите мрежи врз менталното здравје на младите .

< врати се назад