февруари 4, 2023
РАБОТИЛНИЦА ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ВРЕМЕ
Минатата среда на редовниот состанок на Клубот на млади продолживме со реализирање на програмата за меки вештини “Моќта на моите способности”.
Одржавме работилница за менаџмент на време на која што учествуваа околу 30 волонтери од Клубот на млади на која научивме :
Што е тоа менаџмент на време?
Како да го менаџираме времето добро?
Зошто менаџирањето на времето е важно?
Работилницата ја одржаа лидерите на Клубот Борче Исакоски и Сара Петковска по спроведената анкета за истражување на интересите на волонтерите.