ноември 17, 2021

Работилница за кариерно советување

На ден 16.11.2021г. реализирана е работилница за кариерно советување во соработка со “Асоцијација на советници за развој и кариера” по повод НЕДЕЛА НА ГЛОБАЛНА ЕДУКАЦИЈА!

Предавачот односно сертифициран кариерен советник Марија Коваческа, на пријатен и забавен начин им ги доближа темите на волонтерите од Клуб на млади од Општинска организација Охрид:

✅ Значењето на кариерата и кариерното советување

✅ Методи за откривање на нашите желби, предности и вештини

✅ Еден чекор поблиску до откривање на вистинскиот кариерен пат за нас

Се грижиме нашите млади да го најдат најдоброто за себе и да продолжат да се одговорни, хумани и корисни граѓани!

Им благодариме на соработката АСК-Асоцијација на советници за развој на кариера и Марија Коваческа.

< врати се назад