ноември 20, 2021

Работилница за јакнење на деловни вештини и развој на претприемништвото на програмата РедПренеур

Во периодот од 15 до 19 ноември 2021, во Виена, Австрија се оддржа финалната работилница за јакнење на деловни вештини и развој на претприемништвото на програмата РедПренеур, поддржана од Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.

Учесници од Црвениот крст на Република Северна Македонија меѓу кои и учесник од Општинска организација Охрид, заедно со претставници од останати Национални друштва на Црвениот крст и невладини организации,  ќе имаат можност да ги спознаат различните начини на финансирање за поддршка и развој на иновативни модели, како и ги претстават своите идеи на кои активно работеа на Мастер академијата пред интернационални експерти и организации.

Програмата РедПренеур е двегодишна програма која ги поддржува земјите од Источна и Југоисточна Европа, како и Јужен Кавказ, во развојот на влијателни и одржливи модели, со цел подобрување на достапноста на интегрирани здравствени и социјални сервиси во своите Национални друштва.

< врати се назад