
ПУНКТ ЗА ДОМАЦИИ, ЗА ГОСТИВАР!
Како одговор на прогласената епидемија и 30-дневната кризна состојба во Гостивар, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Охрид се приклучува на граѓанската иницијатива за итна помош на погоденото население.
Гостивар во моментов се соочува со сериозен недостиг на безбедна вода за пиење. Затоа, го отвораме нашиот магацински простор како пункт за донирање вода.
Може да се донира исклучиво флаширана (пакувана) вода за пиење.
Работен ден:
Од 08:00 до 16:00 часот
Локација на пунктот: Магацинот на Црвен крст Охрид, ул. “Кленоец” 2А
Викенд:
25 – 26 јули
Од 18:00 до 21:00 часот
Локација: Холандски парк
Црвен крст на РСМ – Oпштинска организација Охрид за целата собрана количина на вода ќе обезбеди транспорт директно до најпогодените семејства и институции во Гостивар.
Секој граѓанин може да помогне. Да покажеме солидарност кога е најпотребно!





