
Првиот Летен Спасителен Фестивал во Охрид заврши со огромен успех
Во периодот од 25 до 27 јули, Охрид беше центарот на забавата, едукацијата и безбедноста на вода! За првпат во Македонија, Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид организираше фестивал од ваков тип.
Што се случуваше изминативе денови?
18:00 – 20:00ч | Едукација и игри:
Преку забавни игри и анкети се едуциравме за безбедноста на капалиштата, правилата на вода и заштитата од топлотен удар. Сите успешни учесници освоија купони за подароци од нашите поддржувачи!
20:00ч+ | Забава со @dj.stefanoskyy:
Атмосферата ја доведовме до вриење! DJ Stefanoskyy се погрижи за доброто расположение на публиката, спасителите и нашите вредни волонтери.
Национален чекор напред:
На 26 јули со гордост го промовиравме новиот Прирачник за спасители на отворени и затворени води, со кој го подигаме квалитетот на обуките низ цела Македонија на уште повисоко ниво!
Огромно БЛАГОДАРАМ до нашите партнери и поддржувачи без кои ова немаше да биде можно:
@Spar Macedonia
@Venti
@Shilla
@Omorfia Cafe
@Golden Beach
@Хотел Aqualina
Се надеваме на уште поуспешна соработка и во иднина!
НИ Е БЕШЕ ПРЕКРАСНО, А СЕ ГЛЕДАМЕ СЛЕДНАТА ГОДИНА ВО УШТЕ ПОГОЛЕМ БРОЈ!








