Прва ЦКА-ПХВ работилница
Во организација на Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид на 05.02.2019 год се одржа првата од трите предвидени работилници во рамки на овогодинешниот циклус на програмата Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА). Работилницата беше спроведена од обучен дисеминатор Мартина Ѓоршеска и на истата учествуваа 47 учесници од основните и средните училишта од Охрид како и 10 ментори. Дисеминаторот и двајца асистенти го одржаа првиот час за дисеминација при што со почитување на структурата на часот младите се запознааа со историјатот, амблемите, основните принципи и активностите на Црвениот крст. На часот присутните беа поздравени од страна на секретарот на Општинска организација Охрид, а беа присутни и тројцата инструктори од нашата општинска организација.