февруари 8, 2019

Прослава на 70 години брак

Волонтерите од програмата – Грижа за стари лица “Најди време” од Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид ги посетија своите корисници по повод прославата на 70 години брак.  Душан и Костадинка Лошкоски од с. Оровник, во прекрасна атмосфера, опкружени со своите најблиски-три сина, 6 внуци и 12 правнуци, но и со волонтерите на Општинска организација Охрид ја одбележаа годишницата од својот брак.Последниве   две   години   во   животот   на   Душан   и   Костадинка   е   исполнет   и   со   најразлични   активности  и дружења во Општинска организација Охрид со волонтерите-нивни врсници од Програмата на грижа за стари лица, што им дава посебен смисол и исполнетост во животот, за што изразуваат голема благодарност до Општинска организација Охрид

< врати се назад