мај 28, 2019

Програмата за развој на младинско лидерство

Во рамките на активностите на Програмата за развој на младинско лидерство која се одвива во Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Охрид, младите лидери беа во посета на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност каде што се запознаа со младински програми за размена, волонтерски активности во рамките на Еразмус+ и програми за учење во странство. Исто така беше посетена и канцеларијата на Мировниот корпус во Македонија каде што младите дознаа повеќе за граѓанското учество, учествувањето во заедницата и волонтерските активности на локално ниво.

< врати се назад