април 4, 2024
Програма за грижа за стари лица „Најди време“
Во рамките на програмските активности на Црвен крст Охрид, волонтерите од Програмата за грижа за стари лица „Најди време“, на 1 април 2024, Денот на волонтерски акции, реализираа акција за чистење и собирање на тврд лесен отпад во центарот на Охрид, во близина на детска градинка, основно и средно училиште.
Истовремено, волонтерите засадија цвеќиња во паркот во којшто е поставена бистата на Анри Динан.
Реализирајќи ги овие активности, волонтерите на Црвен крст Охрид имаа две цели: практична акција за разубавување на просторот и зголемување на еко-свеста кај целата популација, а особено кај младите.
Црвен крст Охрид изразува благодарност до ЈП „Охридски комуналец“ што ја поддржа оваа акција обезбедувајќи садници.