септември 10, 2026

ПРОГРАМА „ПОЛЕТАРЧЕ“ – УПИСИ И ОТВОРЕН ДЕН

Почитувани родители, со големо задоволство ве покануваме со вашите деца да присуствувате на отворениот ден за едукативно-забавната програма ПОЛЕТАРЧЕ наменета за деца од 3 до 5-годишна возраст, кој ќе се реализира во просториите на Црвен крст Охрид, утре, 11.09.2026 (петок), од 17 до 19 часот.

Искористете ја оваа единствена можност и овозможете вашето дете, преку игра, забава и дружење да ја развива и јакне самодовербата, да стекне вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго. Вежбите се приспособени на возраста на детето и преку нив детето станува свесно за своите способности, се поддржува да не се откажува при правењето грешки и да има храброст да биде креативно.

За уписи во есенскиот циклус на програмата ПОЛЕТАРЧЕ сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на телефоните 046 261 909 или 072 246 175, на е-маилот ohrid@redcross.org.mk или во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 8 до 16 часот.

< врати се назад