јули 29, 2022
Проект Здраво стареење – Подигање на свеста за превенција и навремено дијагностицирање на дијабетот кај постарата популација.
Во текот на изминатиот период се одржааа три информативни работилници организирани од страна на Црвен крст Охрид со над 60 учесници на возраст над 60 години. Предавањата беа дел од активностите во рамките на проектот Здраво стареење поддржан од Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина со цел подигање на свеста за превенција и навремено дијагностицирање на дијабетот кај постарата популација.
Работилниците се одржаа со волонтерите и корисниците од програмата за Грижа за стари лица “Најди време” при Црвен крст Охрид, пензионерите од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца и членовите на ОО на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца. На овие едукативни предавања присутните покрај што се запознаа со ризиците и факторите кои доведуваат до појавата на болеста презентирани од страна на Д-р Соња Стурлакова Димовска, можеа да добијат и совети во однос на измерената количина на шеќер во крвта по претходно мерење спроведено од двајца волонтери од Црвен крст Охрид обучени за прва помош, со посебни мерни апарати кои беа обезбедени за таа намена. На секоја од работилниците беше спроведено и анкетно истражување анкета за дијабетот и животните навики помеѓу учесниците.