март 24, 2023
Поставена заштитна врата на влезот на Лескоечка Пештера
Во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“, којшто е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, изработена и поставена е заштитна врата на влезот на Лескоечка Пештера во Националниот парк Галичица.
Заштитната врата е дизајнирана според стандардите на EUROBATS. Со поставувањето на оваа врата, заштитени се пештерските канали, лилјаците и останатата пештерска фауна. Вратата е поставена во влезниот дел на пештерскиот канал и не се гледа однадвор, така што е запазен естетскиот момент на природната средина.
Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ го спроведуваат Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје во соработка со Национален парк Галичица.