март 25, 2021
Проект ИФЦР – Дистрибуција на хуманитарна помош
Во текот на изминатата недела волонтерите на Клубот на Млади заедно со стручната служба на Црвен Крст Охрид поделија:
150 ПАКЕТИ СО ХРАНА и
150 ПАКЕТИ СО ХИГИЕНСКИ СРЕДСТВА
Пакетите беа обезбедени преку проект ИФЦР 3. Посетени беа 150 семејства од општина Охрид со околните села и општина Дебрца. Во пандемијата многу семејства останаа без храна, а кризата со пандемијата продолжува негативно да влијае на нивното секојдневие.
Нашата организација и понатаму сигурно и амбициозно чекори и ја исполнува хуманата мисија на Црвениот крст
„Ако не можеш да нахраниш 100 луѓе, тогаш нахрани барем еден!“ – Мајка Тереза