јули 8, 2025

Продолжува соработката меѓу Црвен крст Охрид и Јавната установа Национален парк Галичица

Црвен крст Охрид и Јавната установа Национален парк Галичица остваруваат повеќегодишна плодна соработка во подготовка и во реализација на проекти и други активности поврзани со заштита на природата.

Во насока на јакнење на локалните капацитети за справување со шумски пожари, денес (08.07.2025), Црвен крст Охрид ѝ предаде на Јавната установа Национален парк Галичица

10 заштитни шлемови

10 заштитни визири компатибилни со шлемовите

10 работни одела.

Покрај опрема за Паркот, набавена е опрема (шлемови, визири и одела) и за десетчлен тим од Црвен крст Охрид којшто ќе пружа поддршка во справувањето со шумски пожари на Галичица.

Опремата е набавена во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT. Проектот го спроведуваат Црвен крст Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ во соработка со Јавната установа Национален парк Галичица.

National Park Galicica

Ohrid red cross – Mountain Rescue Service

Exploring Society “Ursus Speleos” //\\ Истражувачко Друштво “Урсус Спелеос”

< врати се назад