август 4, 2026

Продолжува дистрибуцијата на флаширана вода за пиење

Упатуваме благодарност до сите наши сограѓани кои ја покажаа својата солидарност преку донација на вода за граѓаните на Гостивар!

Општинската организација на Црвен крст Гостивар и денес на 04.08.2026 год продолжи со дистрибуцијата на флаширана вода за пиење, обезбедувајќи поддршка за граѓаните погодени од актуелната состојба со водоснабдувањето.

Воедно, денес беше примена донација од Црвен крст Охрид, која е обезбедена преку нивниот хуманитарен апел и благодарение на солидарноста и хуманоста на граѓаните кои се вклучија со свои донации.

Изразуваме искрена благодарност до сите граѓани кои придонесоа оваа помош да стигне до оние на кои им е најпотребна.

< врати се назад