февруари 27, 2023

ПРОБНИ ВРСНИЧКИ ЕДУКАЦИИ

Оваа сабота во Црвен крст Охрид се одржа вториот дел од пробните врснички едукации на волонтерите кои учествуваа на тренингот за врснички едукатори минатиот декември.
 
Беа опфатени неколку теми од областа на менталното здравје, и тоа :
“Предизвиците на тинејџерството” – Калина Стојаноска и Маида Демироска
“Нездрави навики и нивно разрешување” – Христијан Дончевски и Ана Мојсоска
“Како да излезете од вашата комфор зона?” – Ангел Карали и Ана Марија Петковска
 
Околу 15 волонтери имаа можност да ги проследат овие работилници и да се информираат повеќе на овие значајни теми кои се актуелни во општеството.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад