февруари 4, 2024
ПРОБНИ ВРСНИЧКИ ЕДУКАЦИИ
Во текот на изминатиот месец во Црвен крст Охрид се одржаа пет пробни врснички едукации на волонтерите кои учествуваа на тренингот за врснички едукатори минатиот декември.
Беа опфатени неколку теми од различни области, и тоа :
“Безбедност на интернет” – Иво Георгиески и Петар Целакоски
“Здрави навики” – Арсениј Ѓоршески и Ивона Аврамоска
“Како да станете најдобра верзија од себе?” – Лија Камбер и Давид Бујароски
“Црвен крст во светот” – Стефанија Битолкоска и Теона Талевска
“Како да се разрешиме од нездравите навики?” – Сара Петкоска и Јана Џамтоска
Околу 30 волонтери имаа можност да ги проследат овие работилници и да се информираат повеќе на овие значајни теми кои се актуелни во општеството .
Им посакуваме среќа на нашите волонтери понатаму во процесот на дообучување и усовршување на нивните вештини.