јануари 20, 2022

Презентирана практичната употреба на опремата за спасување на ПСС Охрид при Црвен крст Охрид пред евроамбасадорот Дејвид Гир

Евромбасадорот Дејвид Гир, со големо задоволство ja проследи демонстрацијата и практичната употреба на опремата за спасување наменетa за потребите на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид
Опремата е набавена со финансиски средства од Европската Унија, во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“.
Преку проектот се реализира заложбата за воспоставување систем кој ќе овозможи безбедносни услови за сите туристи, љубители на планината и авантуристичкиот туризам, но и за сите жители коишто гравитираат во седум општини Охрид, Ресен, Дебрца, Вевчани и Струга во Македонија и Поградец и Грамш во Албанија.
< врати се назад